Македонија Обид за убиство во Велес, 25-годишна девојка претепана и со прострелна рана...

Обид за убиство во Велес, 25-годишна девојка претепана и со прострелна рана примена во болница

Утрово 25-годишна велешанка со прострелна рана во стомакот е однесена во велешката болница. Инцидентот го потврдија и од СВР Велес од каде велат дека во неа пукал нејзиниот невенчан сопруг.

„Денеска во 07:47 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека кај нив била донесена 25-годишна жена со повреди на телото нанесени од нејзиниот невенчан сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од СВР Велес.

Освен прострелна рана, девојката имала и видливи повреди на лицето. Од велешката болница потврдија дека девојката веќе е пренесена на лекување во Скопје.