Свет Европа Обид за напад на воена база во Белгија

Обид за напад на воена база во Белгија

Маскирано лице се обидело да активира автомобил-бомба пред воена база во Белгија, јавуваат локалните медиуми. По неуспешниот обид да ја детонира бомбата, слушнати се истрели од огнено оружје.

Белгискитe медиуми јавуваат дека маскираното лице, кое е во бегство, се обидело да ја активира бомбата пред главната порта на базата Флавин во Белгија.

Според првичните извештаи, силите што го чувале влезот на базата веднаш отвориле оган врз возилото, но напаѓачот успеал да побегне.

Експлозиви се пронајдени во возилото.

Засега не се познати мотивите за нападот.