Главна секција Обесштетување на граѓаните поради земјотресите, тема на расправата за буџетот

Обесштетување на граѓаните поради земјотресите, тема на расправата за буџетот

На денешната комисиска расправа за ребалансот на буџетот, пратениците најмногу расправаа за обесштетување на грѓаните на Охрид, Ресен и од Струга, поради штетите настанати од земјотресите. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа амандман со кој бараа два милиони евра за оваа намена, но тој беше отфрлен.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, истакна дека ако се има политичка волја, новата влада со ребалансот ќе оддели два милиони евра.

– Со тоа ќе им се помогне на граѓаните да ја поправат штетата направена од оваа природна непогода. Сега вие го браните буџетот, односно ребалансот или ги браните интересите на граѓаните на Охрид кои претрпеле штета – праша Милошоски.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, преку друг амандман, побараа и еден милион евра за обесштетување на туристичките работници поради претпените загуби во туризмот.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, истакна дека со ребалансот на буџетот предвидена е ставка која се однесува на природни непогоди, а за туристичките работници рече дека се предвидени средства од ИПА-фондови.