Дописници Обесштетени граѓаните и земјоделците што претрпеа штети од ланските поплави

Обесштетени граѓаните и земјоделците што претрпеа штети од ланските поплави

Една година по поплавите во штипско Ново Село и во Лакавичко, Владата и Општината Штип ги обесштетија граѓаните со поплавени домови и имоти. На 75 земјоделци и сопственици на имоти им биле уплатени 2.241.000 денари.

– За разлика од порано кога се исплаќаше само 15 отсто од утврдената штета, сега станува збор за целосно обесштетување за поплавите што се случија на крајот на јануари и во февруари 2015 година –  рече општинскиот портпарол Драган Ристов.

Како што рекоа од Општината Штип, пред неколку месеци биле исплатени и штетите што ги имаа земјоделците.