Свет Обединетите нации ја прекинаа хуманитарната помош во Сирија

Обединетите нации ја прекинаа хуманитарната помош во Сирија

Обединетите нации ќе ги прекинат хуманитарните операции во Сирија, соопшти синоќа Џeси Шахин, портпарол на ОН. Како причина за потегот, Шахин ја наведе комплицираната политичка ситуација во државата.

– Во овој момент, ОН не можат да дејствуваат со хуманитарните операции во Сирија поради општата политичка ситуација на теренот – изјави таа.

Суспензијата ја вклучува хуманитарна работа во градовите Забадани и Мадаја, во близина на границата со Либан, и во шиитските села Фуа и Кафраја, во северозападниот дел на Сирија.

„ОН ги повикуваат сите засегнати страни да ги исполнат своите одговорности во заштитата на цивилите и да се постигнат потребните спогодби“, се вели во соопштението на ОН.