Свет Обама во Африка разговара за Јужен Судан

Обама во Африка разговара за Јужен Судан

Во Адис Абеба, претседателот на САД, Барак Обама, и африкански лидери разговараа за конфликтот во Јужен Судан, соопшти извор од американската делегација во престолнината на Етиопија.

Освен Обама, на средбата учествувале претседателите на Кенија, Етиопија, Уганда и на Судан, како и претставници на Африканската унија.

Тие разгледале различни варијанти за Јужен Судан. Меѓу нив биле наложувањето санкции и испраќањето регионални сили во најмладата држава во светот, ако двете страни во конфликтот не договорат мировен договор до 17 август.

Учесниците на средбата, исто така, не постигнале консензус која опција да биде избрана.