Свет Обама: Реториката на Трамп за гласањето е опасна

Обама: Реториката на Трамп за гласањето е опасна

Претседателот на САД, Барак Обама, изјави дека е опасно инсистирањето на републиканскиот кандидат Доналд Трамп дека можеби нема да ги прифати резултатите од претседателските избори.

Обама на предизборниот собир на кандидатката на демократите, Хилари Клинтон, во Мајами, рече дека коментарите на Трамп ја поткопуваат американската демократија.

Трамп предизвика контроверзии кога во телевизиската дебата со Клинтон одби да потврди дали ќе ги признае резултатите од претседателските избори, закажани за 8 ноември.

Тој подоцна рече дека ќе прифати „јасен“ резултат, но постои можност да го доведе во прашање исходот од гласањето.

Обама изјави дека сеењето на семето на сомнежот во умовите на луѓето го загрозува легитимитетот на изборите и им дава поттик на американските непријатели.

– Работите во нивна полза затоа што нашата демократија зависи од тоа што луѓето знаат дека нивниот глас е важен – рече претседателот на САД.

Трамп со денови тврдеше дека гласањето веќе е наместено против него, поради што трпи критики и од сопствената Републиканска партија.