Свет Обама одби да го потпише законот за продолжување на санкциите кон Иран

Обама одби да го потпише законот за продолжување на санкциите кон Иран

Американскиот претседател во заминување, Барак Обама, одби да го потпише законот за продолжување на санкциите кон Иран, но дозволи да стане закон без негов потпис.

Синоќа на полноќ истече рокот за потпишување на законот за продолжување на санкциите кон Иран. Белата куќа соопшти дека се очекувало американскиот претседател да го потпише законот.

Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, изјави дека Обама го проследил законот без свој потпис, наведувајќи дека претседателот на САД ги здржува овластувањата да се откаже од сите укинати санкции во рамки на нуклеарниот договор со Техеран.

Иранскиот претседател, Хасан Рохани, вети дека неговата земја ќе одговори во случај на продолжување на санкциите, наведувајќи дека тие го кршат меѓународниот договор за нуклеарната програма на Иран.