Свет Европа Обама на средба со европските лидери за економски и за безбедносни прашања

Обама на средба со европските лидери за економски и за безбедносни прашања

Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Германија ќе се сретнат со францускиот претседател Франсоа Оланд, италијанскиот премиер Матео Ренци и со британскиот премиер Дејвид Камерон.

На состанокот, кој е оценет како мини-самит, лидерите ќе разговараат за борбата против Исламска држава во Ирак и во Сирија, бегалската криза, британскиот референдум за членството во ЕУ и за чекорите за запирање на „агресивната Русија“.

Обама денеска ја продолжува дводневната посета на Германија, посетувајќи го саемот за индустриска трговија во Хановер. Германија е последната станица во рамките на патувањето, при кое ги посети Велика Британија и Саудиска Арабија.