Свет Обама: Мишел никогаш нема да се кандидира за политичка функција

Обама: Мишел никогаш нема да се кандидира за политичка функција

Американскиот претседател во заминување, Барак Обама, ги отфрли шпекулациите дека досегашната прва дама, Мишел Обама, би можела еден ден да се кандидира за политичка функција.

Обама во интервју за магазинот „Ролинг стоун“, дадено еден ден по претседателските избори во САД, а кое е објавено денеска, вели дека Мишел Обама има неверојатен одѕив кај американскиот народ.

– Таа е талентирана личност, тоа добро го знам. Можете и сами да видите каков неверојатен одѕив има меѓу американскиот народ. Сепак, на шега велат дека е премногу чувствителна за да посака да се занимава со политика – вели Обама во интервјуто.

Тој вели дека по јануари, откако ќе ја напушти функцијата, заедно со својата сопруга и понатаму ќе бидат многу активни затоа што веруваат дека кога работат со луѓе на терен, се случуваат промени.

Сепак, тој нагласи дека Мишел никогаш нема да се кандидира за политичка функција.