Свет Свет Обама ќе отпатува во Орландо да им одаде почест на жртвите на...

Обама ќе отпатува во Орландо да им одаде почест на жртвите на масакрот

Американскиот претседател Барак Обама в четврток ќе отпатува во Орландо за да им одаде почест на жртвите на нападот во ноќен клуб во кој загинаа 50 лица, соопшти Белата куќа.

Американската полиција ја истражува врската на убиецот Омар Матин со Исламска држава. Станува збор за најголемо масовно убиство во американската историја, во коe загинаа 50 лица.

Обама истакна дека нападот во Орландо претставува напад на сите Американци и дека се испитуваат сите мотиви на убиецот, пренесува „Ројтерс“.