Свет Обама ја почна азиската турнеја

Обама ја почна азиската турнеја

Претседателот на САД, Барак Обама, со посетата на Пекинг ја почна турнејата во Азиско-пацифичкиот регион.

Тој утринава се обрати на отворањето на средбата на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), а вечерва ќе има работна вечера со клучни лидери од Азија.

Се очекува Обама да се сретне со новиот индонезиски претседател Џоко Видодо.

За време на посетата, американскиот претседател ќе се сретне со кинескиот колега Кси Џинпинг. Во неговата програма е вклучена и посета на Австралија.

Посетата е една од последните можности на Обама да го зголеми американското влијание во Азија, оценуваат дел од западните медиуми.