Свет Обама: Избегнувањето плаќање данок е глобален проблем

Обама: Избегнувањето плаќање данок е глобален проблем

Американскиот претседател Барак Обама денеска во Белата куќа изјави дека избегнувањето плаќање данок е глобален проблем.

Обама се обрати до јавноста по скандалот што го предизвика објавувањето на „Панама пејперс“, од кои протекоа имиња на компании и на поединци што избегнувале да платат данок преку офшор-компании.

Тој ги поздрави чекорите на министерството за финансии кои би требало да ја спречат практиката на корпорациите да купуваат помали компании во странство, а потоа седиштата на компаниите да ги префрлат на таа адреса.

Обама смета дека е особено важно да се направат реформи на данокот на добивка, но изгледите за носење таков закон во изборна година се многу мали, затоа што разликите меѓу демократите и републиканците за даноците се многу големи.