Свет Обама им ги намали казните на 79 затвореници

Обама им ги намали казните на 79 затвореници

Американскиот претседател во заминување, Барак Обама, им ја намали затворската казна на 79 затвореници осудени за кривични дела поврзани со дрога, соопшти Белата куќа.

Со одлуката за скратување на казната се опфатени осуденици за ненасилни кривични дела поврзани со дрога, но меѓу нив и извршители на вооружени кражби и на злосторства поврзани со наркотици.

Обама за време на двата претседателски мандати намали казни на повеќе од 1.000 осуденици, што е многу повеќе во споредба со претходните 11 американски претседатели заедно, наведе Белата куќа.

Намалувањето на казните е дел од реформите на Обама на американското правосудство, кои ги образложи со потребата да се намали бројот на луѓето што издржуваат долги или доживотни затворски казни за кривични дела поврзани со дрога.

Обама наведе дека претрупаните затвори ги оптоваруваат даночните обврзници, а притоа не придонесуваат за подобрување на безбедноста на граѓаните.