Свет Обама: Хилари Клинтон би била одличен претседател на САД

Обама: Хилари Клинтон би била одличен претседател на САД

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека поранешниот државен секретар Хилари Клинтон би била добар претседател на САД.

– Таа беше одличен кандидат во 2008 година. Ме поддржуваше на изборите. Беше прекрасен државен секретар. Таа е мој пријател. Сметам дека би била добар претседател – истакна Обама пред очекуваното објавување на кандидатурата на Хилари Клинтон за Белата куќа.