Свет Обама денеска ќе ги објави новите мерки против вооруженото насилство во САД

Обама денеска ќе ги објави новите мерки против вооруженото насилство во САД

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Барак Обама, денеска треба да ги објави новите мерки против вооруженото насилство, јавуваат светските медиуми.

Една од мерките е и обврската за сите продавачи на оружје да направат темелни проверки на своите клиенти пред да им продадат каков било тип на огнено оружје.

Претседателот Обама и неговата администрација решија да ги објават мерките и покрај противењето на Конгресот околу новите законски решенија за оружјето.

На одлуката на Обама силно се противат кандидатите за претседател на САД од редовите на Републиканската партија, кои велат дека ќе ги укинат мерките ако ги добијат изборите и ако седнат во Белата Куќа.

Обама, пак, вели дека новите мерки ќе бидат во рамките на законот и на вториот амандман од Уставот на САД, според кој сите Американци имаат право да носат оружје.

Иако нема да го решат секој насилен криминал во САД, новите мерки, рекол Обама, сепак, имаат потенцијал да спасат животи и да ги поштедат семејствата од болка.