Свет Обама бара од Конгресот на 8 август да почне офанзива против ИД

Обама бара од Конгресот на 8 август да почне офанзива против ИД

Американскиот претседател Барак Обама вчера побара од Конгресот формално да ја поддржи војната против терористичката група Исламска држава, наведувајќи дека џихадистичката парамилитарна организација би можела да претставува закана за САД доколку не биде запрена.

Мисијата би траела три години, но не опфаќа копнена акција. Сепак, Белата куќа и Пантагон би биле подготвени да распоредат сили во специфични ситуации.

„За ослободувањето од овие терористи е потребно време, особено во урбаните средини. Но, нашата коалиција е во офанзива, а Исламска држава во дефанзива и таа ќе изгуби“, навел Обама во барањето упатено до Конгресот.

Барањето е засновано на правни основи и е претставено во четири точки во кои се опишуваат профилот на воените акции кои би почнале на 8 август годинава. Во него се наведува дека офанзивата, која нема да биде географски ограничена, ќе биде насочена против Исламска држава, но и против сите сили и личности што се поврзани со неа.