Свет Европа „Њујорк тајмс“: Грозоморните видеа сугерираат дека руските војници биле убиени одблизу

„Њујорк тајмс“: Грозоморните видеа сугерираат дека руските војници биле убиени одблизу

Фото: Исечок од видеото

Видеата што во текот на изминативе денови циркулираат онлајн, и за кои руските медиуми обемно известуваат, покренуваат прашање дали украинските војници извршиле воено злосторство егзекутирајќи руските војници што биле заробени или се предале, пишува угледниот „Њујорк Тајмс“.

Појавата на видеата предизвика дебати во киберпросторот дали украинските војници извршиле воено злосторство или дејствувале одбранбено обидувајќи се да заробат група руски војници коишто потоа се убиении. Според „Њујорк Тајмс“, видеата прикажуваат сцени „пред и потоа“ од битка во средината на месецот кај селото Макиевка во областа Луханск.

Направената анализа од страна на весникот покажала дека видеата се автентични и се снимени на фарма во селото. Сепак, тие не покажуваат како 11-те руски војници, од кои најголем дел се легнати, биле убиени и зошто.

И Москва и Киев се огласија за снимките, обвинувајќи се меѓусебно за воени злосторства во овој случај. Русите ги обвинуваат украинските сили дека немилосрдно пукале врз невооружените руски воени затвореници, а украинскиот комесар за човекови права Дмитро Лубинец вели дека руски војници отвориле оган за време на предавањето.

„Нема сомнеж дека самата Русија ќе ги бара сторителите на ова злосторство. Тие мора да бидат пронајдени и казнети“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.