Видео Њујорк: Пожар во метро-станицата Пен

Њујорк: Пожар во метро-станицата Пен

Стотина пожарникари се обидуваат да го изгасната пожарот кој изутринава изби на њујоршката метро-станица „Пен“. Според првичните податоци, нема информации за повредени.

Како што јавуваат американските медиуми, пожарот избил во подземниот дел на станицата и тоа во градежниот дел на железничката пруга Лонг Ајленд, поради што има застој во транспортот.

Иако пожарот е длабоко под земјата, сепак очевидци успеале да снимат огнени пламени и над површината.
Пожарникарите ја затворија станицата „Пен“, поради што се создаде метеж во утринскиот сообраќаен шпиц.

Big fire on 34th ST.. Shit crazy …

A video posted by Kenyel (@___ninoblak___) on