Свет Њу Делхи: Повеќе од 10 милиони жители без вода

Њу Делхи: Повеќе од 10 милиони жители без вода

Повеќе од 10 милиони лица во индиската престолнина Њу Делхи останале без вода откако војската ја презела контролата над клучниот извор, соопштија денеска локалните власти.

Кешав Чандра, директорот на водоводот на Њу Делхи, изјави за „Би-Би-Си“ дека ќе треба „три до четири дена“ пред да се нормализира снабдувањето со вода во погодените квартови.

Демонстранти од заедницата Јат, кои барале работни места, го зазеле каналот Мунак, главен извор за снабдување со вода на индиската престолнина.

Шеснаесет лица се убиени и стотина се повредени во тридневните немири. Училиштата во градот, исто така, се затворени.

Војската утринава ја презеде контролата над каналот, но се очекува поправките да траат извесно време.