Дописници Новогодишен календар ги скара опозицијата и локалната власт во Општина Дебрца

Новогодишен календар ги скара опозицијата и локалната власт во Општина Дебрца

Новогодишниот календар беше доволна причина за да се скараат опозицијата и локалната власт во Општина Дебрца, пишува порталот „Охрид њуз“.

Опозицискиот СДСМ го обвини градоначаникот Игор Трајкоски дека се промовира во новогодишниот календар на Општина Дебрца.

– На сите страници на календарот се ставени фотографии од градоначалникот, кој „забегано“ и во стилот на „народен водач и татко на општината ги прославува новите работни успеси за доброто на граѓаните“ – велат од СДСМ.

Градоначалникот Трајкоски им врати дека „со таквите обвинувања само го покажуваат нискиот политички морал и култура“.

– Им порачуваме на СДСМ – Дебрца да го земат календарот и добро да го проучат, за да ги видат сите ветени и реализирани проекти и дејства спроведени од градоначалникот Трајкоски и од партијата ВМРО-ДПМНЕ – вели Трајкоски.