Економија Ново поскапување на горивата, од полноќ дизелот ќе чини над 100 денари

Ново поскапување на горивата, од полноќ дизелот ќе чини над 100 денари

Фото: Мета.мк

Од вечерва по полноќ следи поскапување на цените на нафтените деривати, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според новата одлука, дизелот ќе поскапи за 3 денари, а екстра-лесното масло за домаќинства за 2 и пол денари по литар. Поскапи ќе бидат и бензинот Еуросупер БС-95 за 2, односно Еуросупер БС-98 за 2 и пол денари по литар, а по нова цена ќе се продава и мазутот.

Новите цени по полноќ ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС – 95 = 89,00 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС – 98 = 91,00 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) = 100,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) = 97,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС = 51,920 (денари/килограм)

Од РКЕ појаснуваат дека со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,43% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 07.10.2022 година.