Свет Новиот руски амбасадор во САД се сретна со американскиот амбасадор во Русија

Новиот руски амбасадор во САД се сретна со американскиот амбасадор во Русија

Новиот амбасадор на Русија во САД, Анатолиј Антонов се сретна денеска во Москва со американскиот амбасадор во Русија, Џон Тефт.

Двајцата амбасадори разговарале за билатералните односи и за „одредени меѓународни проблеми“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија.

Антонов е поставен за амбасадор минатата недела и дојде на таа функција по Сергеј Кислјак кој се најде во центарот на вниманието поради неговиот состанок со соработниците на американскиот претседател Доналд Трамп.