Македонија Новиот претседател на Косово ќе биде избран во февруари

Новиот претседател на Косово ќе биде избран во февруари

Собранието на Косово ќе го избира новиот претседател на државата во текот на февруари, соопшти денеска претседателот на Собранието, Кадри Васељи, по состанокот со Здружението на политички затвореници.

– Знаеме дека Хашим Тачи засега е единствен кандидат. Верувам дека тој ќе биде избран за претседател на земјата и овој процес не треба да се искомплицира – рече Весељи.

Изборот на Тачи за претседател е предвиден со коалицискиот договор меѓу двете најголеми партии, Демократската партија на Косово и Демократскиот сојуз за Косово.

Опозицијата и еден дел од пратениците од Демократскиот сојуз се противат на тоа, наведувајќи дека Тачи не е фигура која ветува единство.