Македонија Новиот Клинички центар ќе чини 120 милиони евра и ќе се гради...

Новиот Клинички центар ќе чини 120 милиони евра и ќе се гради 3,5 години

Владата до крајот на февруари ќе ја донесе одлуката за тоа, дали ќе гради нов Клинички центар. Од таму, не сакаа да откријат дали Клиничкиот центар ќе се гради на нова локација или новиот објект ќе биде изграден кај веќе постоечките болници.

– Рокот за изградба на новиот објект ќе биде 3,5 години и дополнителна 1,5 година за реконструкција на постојната зграда на хируршките клиники. Вредноста на проектот е 120 милиони евра од кои 70 милиони евра се кредит, а остатокот е од буџетот. Во новиот објект ќе бидат инкорпорирани 21 клиника, а на постојните сегашни локации ќе останат клиниките за детски болести, кардиологија, инфективна, максилофацијална – рече Бошњаковски и додаде дека по владината одлука ќе започне процесот на реализација.

Тој додаде дека сега се разгледуваат повеќе опции, но ќе се одбере онаа која е најдобра за граѓаните, како од аспект на пациенти, така и во однос на трошењето на нивните пари.