Македонија Новинар од „Порталб“ доби закани по објава на текст за Блерим Беџети

Новинар од „Порталб“ доби закани по објава на текст за Блерим Беџети

Новинар што работи во порталот на албански јазик „Порталб“ (portalb.mk) денеска доби закани, откако на овој медиум беше објавен текст за можни злоупотреби на службената положба од страна на поранешниот министер за правда и поранешен градоначалник на општина Сарај, Блерим Беџети.

Случајот бил пријавен во полиција, а биле известени и Здружението на новинари, Делегацијата на Европската Унија, како и други надлежни органи.

Во текстот на „Порталб“, за Блерим Беџети пишува дека тој, како градоначалник на Сарај, овозможил неговиот шеф на кабинет, Бекир Муамеди, да добие тендер во вредност од 810.000 евра.