Свет Свет Нови судири на протестите во Хонг Конг

Нови судири на протестите во Хонг Конг

Протести во Хонг Конг

За нови судри меѓу демонстрантите и полицијата во Хонг Конг, по двонеделната пауза од протестите, јавуваат локалните медиуми.

Кинескиот весник „Саут Чајна морнинг пост“ јавува дека судирите избиле во бизнис-квартот Монг Кок, а повод, наводно, било тоа што еден од демонстрантите вклучил блиц од фотоапарат кон полицајците.

Нови судири избија откако десеттина лица излегоа на улиците на Хонг Конг со маска на Гај Фокс, што предизвика краток спор со полицијата.

Митингот во Хонг Конг се совпадна со датумот на комеморацијата на погубениот Гвидо Фокс, познат како Гај Фокс, кој се обиде да постави експлозивна направа во британскиот парламент во 1605 година, за да го изрази незадоволството од работата на владата.

Демонстрантите повикуваа на слободни избори во 2017 година и побараа оставка на лидерот на Хонг Конг, Чен Јинг.