Македонија Нови 592 случаи на ковид-19, 691 оздравени и 21 починат пациент

Нови 592 случаи на ковид-19, 691 оздравени и 21 починат пациент

Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.206 тестирања, а регистрирани се 592 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-259, Куманово-31, Дебар-7, Штип-8, Прилеп-30, Тетово-18, Струга-21, Велес-17, Битола-24, Охрид-28, Кавадарци-35, Гостивар-21, Гевгелија-8, Струмица-12, Крива Паланка-9, Радовиш-5, Кочани-7, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-3, Виница-4, Делчево-4, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-10, Ресен-7, Неготино-12.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 691 оздравени пациенти од: Скопје-245, Куманово-26, Штип-28, Прилеп-76,  Тетово-23,  Струга-12, Велес-23, Битола-47, Охрид-13, Кавадарци-25, Гостивар-29, Гевгелија-17, Струмица-19, Крива Паланка-2, Радовиш-5, Кочани-13, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Пехчево-1, Берово-16, Валандово-1, Виница-2, Делчево-12, Кратово-4, Свети Николе-7, Кичево-11, Ресен-7 и Неготино-18.

Починати се 21 лице, шест пациенти од Скопје (79,78,68,62, 64 и 53г), двајца од Куманово (69 и 78г), двајца од Тетово (60 и 72г), тројца од Прилеп (61,77 и 85г), еден пациент од Штип (87г), еден од Охрид (77г), еден од Струга (69г), двајца пациенти од Битола (64 и 85г), еден од Струмица (83г), еден од Берово (59г) и еден пациент од Валандово (52г).Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 80.407, бројката на оздравени пациенти е 57.434, на починати е 2.375, а бројот на активни случаи изнесува 20.598.