Македонија Нови 46 случаи на ковид-19, оздравеле 147 пациенти, а починале 14 лица

Нови 46 случаи на ковид-19, оздравеле 147 пациенти, а починале 14 лица

Фото: Mufid Majnun на Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.073 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 19, Радовиш – 5, Прилеп и Кичево – по 4, Куманово – 3, Струмица, Битола и Гостивар – по 2, Неготино, Охрид, Струга, Гевгелија и Берово – по 1.

Оздравеле 147 пациенти од: Скопје – 73, Куманово – 18, Прилеп – 17, Струмица, Штип и Кочани – по 5, Битола и Велес – по 4, Виница – 3, Неготино и Пробиштип – по 2, Радовиш, Гостивар, Тетово, Кавадарци, Ресен, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Кратово – по 1.

Вкупно починале 14 лица: 8 од Скопје (56, 61, 69, 70, 71, 79, 79 и 85), по 2 лица од Гостивар (62 и 70) и Кичево (59 и 83) и по едно лице од Куманово (84) и Тетово (60).

Од нив, 6 лица се починати во домашни, а останатите 8 во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 782.654 тестирања на ковид-19, вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.117, на оздравени е 147.190, на починати е 5.356, а бројот на активни случаи изнесува 2.571.