Македонија Нови 37 случаи на ковид-19, 69 оздравени, починаа 15 лица

Нови 37 случаи на ковид-19, 69 оздравени, починаа 15 лица

Извор на фотографија: Влада на РСМ

Според податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.143 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 20, Кичево – 4, Велес – 3, Тетово и Виница – по 2, Куманово, Струмица, Кочани, Свети Николе, Радовиш и Македонска Каменица – по 1.

Евидентирани се 69 оздравени пациенти од: Битола – 15, Скопје – 13, Струга – 6, Кичево – 5, Куманово – 4, Охрид – 3, Виница, Свети Николе, Гостивар, Кавадарци, Гевгелија и Ресен – по 2, Велес, Тетово, Струмица, Кочани, Радовиш, Македонска Каменица, Прилеп, Неготино, Делчево, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.

Пријавени се вкупно 15 починати лица: 3 лица од Битола (70, 71 и 79 години), по 2 лица од Скопје (64 и 75), Куманово (61 и 78), Тетово (58 и 60) и Прилеп (63 и 69) и по едно лице од Струга (83), Гостивар (66), Велес (73) и Штип (60).

Од пријавените, 3 лица се починати во домашни, а останатите 12 во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 776.674 тестирања на ковид-19, бројката на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.063, на оздравени пациенти е 146.869, на починати е 5.311, а бројот на активни случаи изнесува 2.883.