Македонија Нови 234 случаи на ковид, регистрирани уште 17 починати пациенти

Нови 234 случаи на ковид, регистрирани уште 17 починати пациенти

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа во земјава биле направени 1.318 тестови, а регистрирани се 234 нови случаи на ковид-19: Скопје – 180, Кавадарци – 19, Куманово, Прилеп и Неготино – по 6, Велес – 4, Гостивар и Крива Паланка – по 2, Битола, Струмица, Струга, Свети Николе, Дебар, Пробиштип, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни случаи (234), регистрирана е 31 реинфекција.

Во истиот временски период, регистриран e 1.491 оздравен пациент.

Бројката на починати од ковид-19 порасна за 17. Од нив 12 смртни случаи се регистрирани во последните 24 часа: 3 починати лица од Скопје (72г, 74г и 76г), по 2 починати лица од Битола (81г и 91г), Куманово (77г и 81г) и Струмица (58г и 65г) и по едно починато лице од Кочани (60г), Охрид (64г) и Тетово (68г).

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште пет лица што починале претходно: Битола (1), Виница (1), Гостивар (1), Дебар (1) и Струга (1).

Починатите лица се на возраст од 61 до 80 години, а нивната смрт била пријавен во периодот од 14 до 18 февруари. Од починатите лица, 3 се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.

Од вкупниот број починати лица, кај 17 лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјава се направени вкупно 1.871.411 тестирања за ковид-19, а вкупната бројка на дијагностицирани случаи од почетокот на епидемијата изнесува 293.559. Бројот на оздравени пациенти е 278.326, на починати е 8.915, а бројот на активни случаи изнесува 6.318.