Македонија Нови 232 случаи на ковид-19, пријавени шест починати пациенти

Нови 232 случаи на ковид-19, пријавени шест починати пациенти

Фото: CDC on Unsplash

Министерството за здравство соопшти дека во последниве 24 часа во земјава биле регистрирани 232 нови случаи на ковид-19: Скопје – 139, Битола – 19, Кавадарци – 14, Охрид – 10, Прилеп – 8, Кичево – 5, Гостивар и Неготино – по 4, Куманово, Тетово и Кочани – по 3, Велес, Струмица, Штип, Струга, Радовиш, Делчево и Дебар – по 2, Гевгелија, Свети Николе, Берово, Валандово, Виница и Дојран – по 1.

Од вкупниот број позитивни (232), регистрирани се 38 реинфекции.

Регистриран e 221 оздравен пациент од: Скопје.

Во текот на изминативе 24 часа, се регистрирани 3 починати лица од: Скопје (59г, 65г и 95г) , сите починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица, од: Скопје (2) и Прилеп (1), на возраст од 74 години до 91 години. Од пријавените починати лица, 2 лица се починати во домашни услови, а 1 лице во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 14.03.2022 год. до 23.03.2022 год.

Од вкупниот број на починати лица ( 6 ), кај сите се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјава се направени вкупно 1.951.621 тестирања за ковид-19, при што се дијагностицирани 304.878 случаи. Бројот на оздравени пациенти е 293.700, на починати е 9.203, а бројот на активни случаи изнесува 1.975.