Македонија Нови 214 случаи со ковид-19 од 2.276 тестирања, оздравени 305, починати 36...

Нови 214 случаи со ковид-19 од 2.276 тестирања, оздравени 305, починати 36 лица

Извор на фотографија: Влада на РСМ

Министерството за здравство информирa дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.276 тестирања, а регистрирани се 214 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 94, Куманово – 29, Тетово – 19, Прилеп и Виница – по 7, Охрид – 6, Велес, Кочани, Неготино и Свети Николе – по 5, Штип и Струмица – по 4, Битола, Кавадарци, Струга и Кичево – по 3, Гостивар, Радовиш и Богданци – по 2, Гевгелија, Ресен, Делчево, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани се 305 оздравени пациенти од: Скопје – 105, Куманово – 39, Прилеп – 27, Велес – 19, Битола – 17, Тетово – 15, Кочани – 14, Охрид – 13, Кичево – 12, Штип – 9, Струмица – 6, Валандово – 5, Гостивар – 4, Струга, Гевгелија и Свети Николе – по 3, Кавадарци, Крушево и Пехчево – по 2, Берово, Виница, Демир Хисар, Кратово и Дојран – по 1.

Пријавени се вкупно 36 починати лица: 11 од Скопје ( 63г, 65г, 65г, 68г, 70г, 71г, 72г, 75г, 76г, 79г и 86г ), 5 лица од Битола (52г, 60г, 66г, 68г и 70г ), 3 лица од Куманово (68г, 79г и 84г) по 2 лица од Тетово (76г и 82г), Велес (58г и 71г), Гостивар (73г и 74г), Кавадарци (70г и 75г), Струмица (64г и 78г) и Гевгелија (60г и 68г), и по едно починато лице од Прилеп (88г), Охрид (87г), Струга (46г), Кочани (82г) и Кичево (68г). Три пациенти се починати во домашни услови, а останатите 33 се починати во болнички услови. Пријавени се 14 пациенти кои се починати во период од 01-17.04.2021.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.581, бројката на оздравени пациенти е 133.070, на починати е 4.891, а бројот на активни случаи изнесува 14.620.