Македонија Нови 163 заболени од ковид-19, вкупниот број надмина 16.000 лица

Нови 163 заболени од ковид-19, вкупниот број надмина 16.000 лица

Граѓани на Камениот мост во Скопје | Фото: Арбнора Мемети

Во последното деноноќие, направени се 1.721 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во државата, информираат во Министерството за здравство. Институтот за јавно здравје регистрира 132 оздравени пациенти, а починати се седум лица, двајца пациенти од Струга (78г и 80г), пациент од Кочани (77г), од Струмица (44г), од Скопје (72г), од Битола (79г) и еден пациент од Гостивар (79г).

Сега, вкупната бројка на ковид дијагностицирани пациенти во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.088. Бројката на оздравени пациенти е 13.550, на починати е 668, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.870.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се двајца пациенти, а вкупно се хоспитализирани 74 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се три деца и три мајки позитивни на ковид-19 и три деца и три мајки кои се суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се четворица нови пациенти, па сега вкупниот број на хоспитализирани е 34 пациент. На респираторна машина се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 161, позитивни и сомнителни на ковид-19.