Македонија Нови 147 случаи со ковид-19, шестмина починати и 111 оздравени

Нови 147 случаи со ковид-19, шестмина починати и 111 оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид-19. Од нив од Скопје се 64, од Тетово 16, Куманово 8, Штип 6, Прилеп 3, Струга 7, Велес 5, Битола 4, Охрид 5, Гостивар 9, Струмица 1, Крива Паланка 1, Кочани 1, Пробиштип 1, Кратово 1, Свети Николе 7, Кичево 4, Ресен 4.

Во истиот временски период, Институтот за јавно здравје регистрирал 111 оздравени пациенти: од: Скопје 56, Штип 7, Тетово 36, Велес 2, Битола 3, Гостивар 1, Гевгелија 2, Струмица 1, Свети Николе 1, Ресен 2.

Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје,и по еден од Куманово, Штип и Берово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (63 г). Во ГОБ „8 Септември“ починати се двајца пациенти од Скопје (59г) и (63г) и еден пациент од Штип (36г). Во болницата во Штип е починат пациент од Берово (69г), а во Куманово 78-годишен пациент).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.932, бројката на оздравени пациенти е .2987, на починати е 334, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.611.