Македонија Нови 13 случаи на ковид-19 од 2.952 тестирања, нема починати лица

Нови 13 случаи на ковид-19 од 2.952 тестирања, нема починати лица

Апарат за помош на ковид пациентите при дишење развиен во Медицинскиот центар „Шеба“ во Израел | Фото: IDF Spokesperson's Unit, Wikimedia commons

Министерството за здравство информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.952 тестирања, а се регистрирани 13 нови случаи на ковид-19 од: Скопје и Тетово по 3, Охрид и Кичево по 2, Куманово, Прилеп и Струмица по 1 случај.

Регистрирани се 31 оздравен пациент од: Скопје 14, Кичево 4, Прилеп 3, Куманово, Битола и Кочани по 2, Тетово, Гостивар, Крива Паланка и Кратово по 1.

Не се евидентирани нови починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 859.226 тестирања на ковид-19, вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.640, на оздравени пациенти е 149.908, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 255.