Македонија Нови 125 професионални војници вработени во АРМ

Нови 125 професионални војници вработени во АРМ

Во касарната „Илинден“ во Скопје, денеска се одржа свеченост по повод приемот на новите 125 професионални војници на служба во Армијата на Македонија.

Во обраќањето пред новите војници, Јолевски рече тие поминале ригорозен процес на селекција и докажале дека се најдобри меѓу најдобрите.

На свеченоста присуствуваа министерот за одбрана, Зоран Јолевски, и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.