Главна секција Нови 12 заболени од корона вирусот, вкупно до денес 148

Нови 12 заболени од корона вирусот, вкупно до денес 148

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата, од кои седум лица се во Скопје а пет во Куманово.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12 часот изнесува 148 лица од кои еден е излекуван и двајца се починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во Скопје (88), Дебар (40) од кои еден починат, Куманово осум од кои еден починат, Штип седум, Кавадарци двајца, Охрид двајца и Гостивар еден.