Македонија Новата учебна година ќе почне на 4 септември

Новата учебна година ќе почне на 4 септември

Новата учебна 2017/2018 година за јавните основни и средни училишта ќе почне в понеделник, 4 септември, информираше Министерството за образование и наука.

Календарите за организација на учебната 2017/2018 година во јавните основни и средни училишта ќе бидат објавени во „Службен весник на Република Македонија“, известуваат од МОН.