Македонија Новата „бомба“ на СДСМ ќе „експлодира“ пред Влада

Новата „бомба“ на СДСМ ќе „експлодира“ пред Влада

СДСМ преку проектот „Вистината за Македонија“, новата 34. „бомба“ ќе ја објави утре, пред Владата на Република Македонија.

Досега опозициската партија на 33 прес-конференции објави прислушувани материјали кои, според партиското раководство, наведуваат на вмешаност на власта во криминални дејства.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека на јавноста ќе ѝ ги презентира и „вистините“ за „А1-телевизија“, за случаите „Монструм“ и „Детонатор“ и прислушувани материјали.