Македонија Нова рунда преговори за името на 12 ноември

Нова рунда преговори за името на 12 ноември

Метју Нимиц

Посредувачот за спорот околу името, Метју Нимиц, ги повикал преговарачите на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, на нова рунда преговори идната среда, 12 ноември, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

Како што исвести Ери Канено, портпарол на ОН, двете страни ја прифатиле поканата.