Економија Нова љубљанска банка со награда од 50.000 евра за поткажување

Нова љубљанска банка со награда од 50.000 евра за поткажување

Нова љубљанска банка (НЛБ) нуди награда од 50.000 евра за вработените кои ќе го пријавуваат неправилното работење на нивните колеги, во службата на банката која популарно се нарекува „внатрешна полиција“.

И покрај реакцијата на Синдикатот на вработените во Нова љубљанска банка и мислењето на дел од банкарите дека се работи за неетички пристап, формирањето на внатрешната контрола го брани Рок Прапротник, некогаш член на владината антокорупциска комисија.

Тој е ставен на чело на споменатиот оддел, кој официјално се нарекува Центар за хармонично работење и има 17 вработени.