Свет Нова експлозија во Бангкок

Нова експлозија во Бангкок

Уште една експлозија денеска одекна на пристаништето за траекти во Бангкок, но нема повредени, јавуваат локалните медиуми.

Тајландската полиција денеска соопшти дека вчерашниот бомбашки напад, во кој загинаа повеќе од 20 лица, бил изведен „многу професионално“, така што засега немаат можност да утврдат за каков експлозив станува збор, ниту пак има траги кои упатуваат на тоа како бомбата била активирана.

Меѓу жртвите на вчерашниот напад, покрај Тајланѓани има и државјани на Малезија, Кина, Хонг Конг и Сингапур.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.