Свет Балкан Нова бегалска трагедија во Егејот – пронајдено тело на бебе

Нова бегалска трагедија во Егејот – пронајдено тело на бебе

Чамец со бегалци се превртел во источниот дел на Егејско Море, кај северниот брег на островот Кос, а спасувачите досега пронашле тело на бебе, соопштија денеска грчките власти.

Крајбрежната стража наведе дека едно лице успало да доплива до брегот и да повика помош.

Преживеаните наведоа дека во чамецот се наоѓале меѓу шест и 10 лица.

Во потрагата учествуваат патролни чамци на крајбрежната стража, чамец на Фронтекс, хеликоптер и група волонтери.
Грчките источни острови, кои се наоѓаат во близина на брегот на Турција, се главна рута по која бегалците минуваат на пат кон Европа.