Македонија Нов земјотрес регистриран попладнево во Штип

Нов земјотрес регистриран попладнево во Штип

Земјотресот се случил во 13.08 часот со Рихтерова локална магнитуда M L 2.5 и интензитет од III-IV степени

Фото: Европско-медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) / Твитер

Телеметриската сеизмолошка мрежа на сеизмолошките станици инсталирани ширум државата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрираше земјотрес 75 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентрално подрачје Свети Николе-Штип.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случил во 13.08 часот со Рихтерова локална магнитуда M L 2.5 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а бил почувствуван од населението во Штип и околината.