Македонија Нов силен земјотрес во Скопје, граѓаните вознемирени, стравуваат од нови потреси

Нов силен земјотрес во Скопје, граѓаните вознемирени, стравуваат од нови потреси

Силен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала попладнево ги потресе Скопје и околината. Граѓани возменирени излегоа на улиците, а има и извештаи за напукнати ѕидови и за помали штети.

Ова е трет земјотрес, но значитечно посилен од двата што се случија утрово – првиот во 6.58 часот со јачина од 3,9 степени по Рихтеровата скала, а вториот една минута потоа, со јачина од 2,8 степени.

Експертите велат дека серијата земјотреси не е поврзана со неодамнешните поплави.

Според неофицијалните информации, епицентарот на земјотресите бил на неколку километри источно од Скопје.