Свет Нов напад на талибанците, убиени девет авганистански војници

Нов напад на талибанците, убиени девет авганистански војници

Најмалку девет авганистански војници се убиени во напад на талибанците на пункт на безбедносните сили во западната провинција Фарах, соопштија властите.

Портпаролот на гувернерот на провинцијата, Мохамед Насер Мехри, соопшти дека нападот бил извршен синоќа и дека ранети се уште четири војници. По нападот следела четиричасовна престрелка, во која се убиени 17 талибанци.

Во минатонеделниот напад на талибанците на воена база во јужната провинција Кандахар загинаа 43 авганистански војници.