Македонија Конзорциум предводен од „Шолц“ е нов концесионер на депонијата „Дрисла“

Конзорциум предводен од „Шолц“ е нов концесионер на депонијата „Дрисла“

Советот на Град Скопје на денешното продолжение на 30. седница донесе одлука со која за нов концесионер на депонијата „Дрисла“ е избран конзорциумот предводен од „Шолц“ („SCHOLZ AG“) од Германија, составен од „Шолц“ Германија, „ЦИОС“ (C.I.O.S.d.o.o) од Хрватска и „Сплендор МАК ДООЕЛ“ од Македонија.

„Оваа одлука следува по судска пресуда на Вишиот управен суд. Со ваквата одлука се овозможува да се стави крај на агонијата на граѓаните на Скопје со депонијата „Дрисла“ и се создава можност за започнување процес на инвестиции и модернизација на депонијата „Дрисла“, која во иднина ќе прерасне во модерна депонија во која ќе се одложува и третира отпадот по највисоки светски стандарди“, соопштуваат од Град Скопје.