Хроника Нов инцидент со заталкан куршум во Гостивар

Нов инцидент со заталкан куршум во Гостивар

Синоќа, околу 23 часот, 53-годишниот гостиварец С.Ј. пријавил дека заталкан куршум завршил во дворот од неговата куќа на улицата Балиндолска, соопшти полицијата.

Според пријавата, додека тој и неговата сопруга седеле во дворот од куќата, непознато лице истрелало проектил од огнено оружје, кој првин удрил во ќерамидите од покривот на куќата, а потоа паднал во нивна близина.

Екипа на гостиварската полиција извршила увид и го пронашла куршумот, кој е даден за понатамошна постапка.

Пред една недела, 10-годишно дете од гостиварската населба Фазанерија го загуби животот откако беше погодено од заталкан куршум.