Свет Европа Нов број на „Шарли ебдо“

Нов број на „Шарли ебдо“

Новиот број на францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“ од денеска е во продажба. На насловната страница има куче со весникот во устата, кое го бркаат глутница други кучиња со ликовите на Никола Саркози, Марин Ле Пен, џихадисти, банкари, а во далечината по нив трча новинар на француската телевизија БФМ-ТВ.

„Еве повторно тргна!“, стои на насловната страница на изданието весникот кое излегува шест недели по првиот број што беше објавен по нападот врз редакцијата на „Шарли ебдо“ и кој беше отпечатен во рекордни седум милиони примероци.